Израелци создадоа терапија за рак на панкреас со кој се продолжува животот на 3/4 од пациентите

- Advertisement -

Повеќе од 3/4 (77%) од пациентите со рак на панкреас од 4 стадиум со метастази кои биле третирани со терапијата на израелска биофармацевтска компанија успеале да ја стават болеста под контрола. Според резултатите од истражувањето, компанијата BioLineRx развила третман кој има многу поголеми позитивни ефекти кај болните од рак на панкреас отколку хемотерапијата.

Речиси една третина од пациентите (32%) кои биле вклучени во истражувањето забележале намалување на туморот, наспрема само 17% од пациентите кои забележале слични резултати по третирање со хемотерапија. Понатаму, 45% од пациентите ја ставиле болеста во мирување, односно туморот ниту растел ниту се намалувал во текот на студијата.

- Advertisement -

„Тоа значи дека 77% од пациентите успеаја да ја контролираат болеста. Иако не може автоматски да се претпостави, можеме да очекуваме дека ако има поголем процент на реакција на терапијата, ќе има и продолжен животен век“ изјави Филип Серлин, извршен директор на BioLineRx.

Тој додава дека примарната цел на истражувањето била да се види реакцијата на пациентите на третманот, а другите цели биле стапката на преживување на пациентите, контролирањето на болеста и стопирањето на нејзиниот напредок. Стапката на преживување ќе биде утврдена до средината на 2020 година. Сепак, Серлин вели дека некои пациенти веќе преживеале речиси една година, односно повеќе од 330 дена благодарение на третманот, што е значително достигнување ако се има на ум дека станува збор за рак од 4 стадиум кој метастазира и не реагирал на првичните третмани.

- Advertisement -

„Ракот на панкреас е сурова болест. Прогнозите за канцер со метастази се само 3% стапка на преживување во текот на 5 години. Повеќето пациенти умираат за само неколку месеци до половина година. Тоа е многу тешка болест“ објаснува Серлин.

Серлин додава и дека во текот на изминатата деценија нема мнгоу напредок во третманите на ракот на панкреас и дека тој канцер е еден од топ 5 со најголем број смртни случаи во светот. Кај сите други видови канцер, дури и ако има зголемен број на заболени луѓе, има многу помалку смртни случаи затоа што постојано се откриваат подобри третмани.

- Advertisement -

Има две причини за тоа. Прво, најголем дел од пациентите ја откриваат болеста кога веќе е во поодминат стадиум, односно кога веќе е во 4 стадиум. Потоа, ракот на панкреас развива механизми кои го штитат од имунолошкиот систем на телото. Додека имунотерапиите се најголем успех во третирањето на канцер, тоа не може да се примени кај ракот на панкреас.

Лекот KEYTRUDA на MERCK е една од најпродаваните и најуспешни имунотерапии за канцер. Неодамнешните резултати покажуваат дека комбинацијата од терапијата BL-8040 на BioLineRx со Keytruda и хемотерапија е вистинската комбинација за рак на панкреас. Пациентите прво примаат BL-8040 монотерапија пет дена, па комбинација од хемотерапија, Keytruda и BL-8040 се додека не се забележат резултати.

„Терапијата е многу сложена, но има навистина болни пациенти кои немаат друг избор и прифаќаат да ја испробаат“ вели Серлин.

Сподели!
- Advertisement -