Шведска сака да создаде тела за психолошка одбрана и контрола на странската пропаганда

- Advertisement -

Шведска во 1954 година оформи тело за психолошка одбрана на граѓаните од пропагандата во периодот на Студената војна, а тоа со тек на време се спои со другите државни агенции. Шведскиот министер за одрбана Петер Хултквист сега сака тоа тело повторно да се оформи и да делува самостојно за шведските граѓани да бидат заштитени од странски дезинформации.

Хултквист појасни дека повторното воведување на психолошката одбрана било потребно поради мноштвото активности кои се случуваат на социјалните мрежи. Според него, активностите на Интернет може да имаат малициозна цел за поделба на општеството и додава дека тоа е само мал дел од она што може да се случи во вистински кризни ситуации.

- Advertisement -

„Мислам дека е битно да добиеме тело за психолошка одбрана во Шведска, каде што можете да имате директен канал преку кој давате информации од државни канали и на кој луѓето можат да му веруваат“ појаснува Хултквист.

Тој додава дека шведските медиуми треба да се подготват за начинот на кој би можеле да реагираат во случај на вистински кризни ситуации, на пример, во случај на напад на Шведска. Според него, традиционалните медиуми мора да се подобрат во избегнувањето на ситуациите во кои „непријателски сили“ можат да ги искористат нивните вести и на тој начин да пренесат негативна слика за Шведска.

Сподели!
- Advertisement -