Илјадници граѓани во Скопје излегоа на масовниот протест против аерозагадувањето

- Advertisement -

Со транспаренти во рака и маски на лицето, илјадници граѓани во Скопје излегоа на масовниот протест против аерозагадувањето.

Од Министерството за животна средина, еко-активистите, невладините организации и средношколци се упатија пред Владата.

- Advertisement -

Тие уште еднаш потсетиија дека ако надлежните не ги исполнат нивните барања , тие ќе продолжат да ја бараат правдата на улицаа.

И покрај бројните закани и заплашувања кон учениците и реакции во јавност и младите се приклучија на маршот.  Средношколци од повеќе средни училишта во земјава утрово ја бојкотираа наставата.

- Advertisement -

Дел од гимназијалците од Орце Николов  ги почекаа своите врсници од Карев и  гимназијата Ѓорѓи Димитров и од дворот на оваа гимназија околу 15 ч тргнаа на рутата  Влада –Собрание- Министерство за животна средина , ги почекаа невладините и граѓаните , па заедно отидоа пред Влада, каде што се одржи Маршот против аерозагадувањето втор за нецел месец.  

Претпладнево, директорката на гимназијата Никола Карев беше разрешена откако јавноста се појави снимка на која се слуша како им вели да не ја бојкотираат настава затоа што не може да гарантира какви ќе се последиците.

- Advertisement -

Од Зелениот Фронот потсетија дека на надлежните на 31-ви декември им истекува  првиот рок за исполнување на нивните над 100 барања за чист воздух.

Сподели!
- Advertisement -