Facebook развива сопствен оперативен систем

- Advertisement -

Битката за оперативните системи на мобилните уреди одамна е завршена и тука е јасно кои се победници – Google со Android и Apple со iOS. Компаниите како Microsoft и BlackBerry порано се обидуваа да го нарушат тој дуопол, но не успеаја, а единствениот кој може да им земе мал дел од колачот е Huawei, кој тоа ќе го напрацви затоа што мора, а не затоа што сака.

Но, за неколку години дел од големите компании и некои аналитичари веруваат дека ќе дојде до промена на пазарот и паметните телефони повеќе нема да бидат примарните уреди со кои ќе комуницираме и на кои ќе консумираме содржини, колку и да звучи невозможно од оваа гледна точка. Нив, веројатно, ќе ги заменат паметните очила.

- Advertisement -

Иако првите обиди за паметни очила не беа претерано успешни, ниту луѓето ги прифатија, Apple и Facebook се уверени дека паметните очила со поддршка за проширена реалност навистина се иднината. И двете компании наводоно веќе подготвуваат такви уреди, но конечниот производ ќе дојде за неколку години.

Марк Цукерберг и екипата не подготвуваат само хардвер туку и софтвер на кој ќе работи тој хардвер и притоа нема да зависат од Google и од Android. Затоа тие веќ развиваат сопствен оперативен систем за паметни очила и уреди како Oculus VR, односно за проширена и виртуелна реалност.

- Advertisement -

Во развојот на Facebook OS, како што медиумите го нарекоа тој оперативен систем, кое не е официјалното име, една од главните личности е Марк Луковски, поранешен вработен во Microsoft, кој има големи заслуги за Windows NT. Како што пишуваат медиумите, компанијата на Цукерберг можеби ќе се послужи со рецептот на Apple, кој успешно го применија на пазарот на кој го контролираат и хардверот и софтверот и не зависат од други компании.

Исто така, Facebook развива и гласовен асистент со кој ќе може да се управува Facebook OS, односно со уредите кои ќе работат на софтверот кој моментално го развиваат.

Сподели!
- Advertisement -