Во Македонија годишно се користат 150 милиони кеси! Веќе нема да бидат бесплатни

- Advertisement -

Годишно на пазарот се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу, вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата.

Од 2021 година нема да има веќе бесплатни пластични кеси, а најниската цена ќе биде 10 денари. Ова го предвидувааат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени до крајот пред распуштање на Парламентот.

- Advertisement -

Оваа мерка би требало да го намали големиот отпад од пластични кеси, се надеваат од Асоцијацијата за управување со отпад при Стопанската комора.

– Ова треба да ги натера компаниите кои до сега не се вклучиле во системот на колективно управување со отпадот од пакување, електричен отпад, гуми и стари автомобили… да го направат тоа во одреден рок, бидејќи годишно производителите на пазарот пуштаат над 120.000 тони отпад од пакување, а се собира само дел од тоа – рече Ивановски.

- Advertisement -

Управувачите со отпад од индустријата апелираат општините да се вклучат во обезбедувањето системот непречено да функционира кога се предвид граѓаните и она што го селектираат да се најде на вистинското место.

– Селектираниот отпад од граѓаните најверојатно ќе треба да го собираат неформалните собирачи кои треба да бидат интегрирани во системот. Со тоа добиваат граѓаните бидејќи нивниот отпад ќе заврши онаму каде што треба, добиваат неформалните собирачи кои ќе добијат сигурно вработување и општините кои нема да се грижат дека граѓаните создаваат диви депонии – велат од Асоцијацијата.

Сподели!
- Advertisement -