Во Франција примерните возачи заработуваат 1.400 евра за да ги снимаат несовесните возачи

- Advertisement -

Се чини неверојатно, но во Франција веќе две години постојат приватни компании кои ангажираат сопственици на возила со вградени радари за наместо полицијата, да го надгледуваат сообраќајот и да ги снимаат тие кои возат пребрзо. Податоците потоа се испраќаат до полицијата, а таа на возачите им издава казни.

Уште во 2017 година Фрнаицја мобилната радарска контрола ја препушти на приватници, кои не смеат да ги застануваат возачите кои ќе направат прекршок, туку само да ги снимаат. Таа работа била прескапа за полицијата, а приватниците уживаат во тоа.

- Advertisement -

Тие работат по 24 часа. Прецизирано е на кои патишта можат да работат, а компаниите од типот на Geos или Mobiom постојано бараат вработени. Во Mobiom месечната нето плата е 1.400 евра, а работното време е околу 6 часа дневно, вклучувајќи ги и празниците и викендите. Значи, се работи цел ден и ноќ. Од 2020 година Mobiom на патиштата во Нормандија ќе има 26 вработени во пет автомобили опремени со радари.

Сподели!
- Advertisement -