- Advertisement -
Во Белград неодамна беше отворен првиот Музеј на селфи за сите љубители на добрите фотографии и за фанатиците на социјалните мрежи. Авторите на поставката велат дека сега во светот има само 20 вакви музеи, а белградскиот е прв во овој дел од Европа.
Првиот селфи музеј настанал на Филипините, но тој концепт стана хит дури во 2018 година кога беше отворен музејот во Њујорк. Во белградскиот Музеј на селфи се наоѓаат некои инсталации слични на музеите во другите светски центри.
- Advertisement -