Puma направи посебни спортски обувки за гејмери

- Advertisement -

Веројатно никогаш нема да има консензус за тоа дали е-спортот е вистински спорт, но најдобрите професионални гејмери денес заработуваат многу пари, а честопати повеќе и од фудбалерите и кошаркарите. Денот на еден професионален гејмер не се состои само од седење пред компјутер, туку дел од времето поминуваат во теретана, трчаат, внимаваат на исхраната итн.

Исто така, како што е случај со останатите спортови, и за играчите на виртуелните игри постои посебна облека и обувки прилагодени на нивните потреби. Затоа Puma неодамна ги претстави своите први обувки наменети токму за гејмерите. Уште на прв поглед јасно е дека Puma Active Gaming Footwear се разликуваат од останатите спортски обувки и повеќе личат на посебни чорапи отколку на класични патики.

- Advertisement -

Од Pumа велат дека се исклучително удобни и прилагодени за користење во внатрешни услови и на гејмерски арени. При дизајнот на обувките мислеле на гејмерите. Од Puma нагласуваат дека со нивните прилагодени обувки гејмерите можат да дадат се од себе во виртуелните борби.

Секако, специјалните патики не се воопшто евтини. Нивната цена е нешто повеќе од 100 долари, а може да се нарачаат во Велика Британија и во Австралија. Ова е првиот производ на Pumа наменет за гејмери, но на тој пазар својата прилика ја препознаа и компаниите Niке и Аdidas. Adidas потпиша договор со веројатно најпознатио гејмер Тајлер Нинџа Блевинс, чии ексклузивни патики ќе се појават во продажба на 31 декмеври по цена од 150 долари.

Сподели!
- Advertisement -