- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика денес напладне ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ. Според новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините и на дизелот во просек за 2,25%.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар, па новата малопродажна цена ќе изнесува 67,50 денари за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ и на екстралесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,00 денари за литар.
- Advertisement -
Тоа значи дека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 70,00 денари за литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ која ќе важи од полноќ ќе биде 62,50 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по 51,5 денари за литар.
- Advertisement -