„Со Народната банка во светот на финансиите“ – нов проект за финансиска едукација

- Advertisement -

Започна емитувањето на серијалот анимирани видеа којшто Народната банка го изработува со финансиска поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Народната банка ги засилува активностите за користење на современите форми на комуникација заради финансиска едукација на населението и заштита на потрошувачите на финансиски услуги. Денеска започнува емитувањето на серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

- Advertisement -

Како што соопштија од Народната банка, предвидено е серијалот да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови. Меѓу другото, со него ќе бидат опфатени теми од областа на плаќањата, личните финансии, кредитирањето и други значајни финансиски прашања.

Првото видео коешто се однесува на безбедносните аспекти на платежните картички веќе е објавено на веб-страницата на Народната банка, како и на нејзините официјални страници на социјалните мрежи.

Сподели!
- Advertisement -