Хрватската пошта вработи роботи

- Advertisement -

Хрватската пошта воведе автономни роботи на хрватската компанија Gideon Brothers за превоз на палети во новиот центар за сортирање и со тоа значително го помогна развојот на работата како најбитна одредница за Стратегијата на поштата 2022. Со воведувањето роботика во својата работа Хрватска пошта се подготвува за индустриската револуција 4.0 поврзувајќи ги системите базирани на интернет технологија за воспоставување комуникација меѓу машини, луѓе, производи и работни системи.

Со примената на роботика се намалуваат трошоците за давање услуги, се скратува времетраењето на услужниот циклус и се зголемува ефикасноста на енергетските системи. Роботите не ги заменуваат луѓето, тие се нивно оружје и им помагаат во достигнувањето на целите кои не можеле ни да ги замислат.

- Advertisement -

По тоа начело се води и хрватската компанија за роботика и вештачка интелигенција Gideon Brothers. Пилот проектот ќе се спроведува идните четири месеци во складиште и центар за сортирање и во текот на тој период ќе се обучуваат и работниците кои ќе ги користат роботите. Роботите во складиштето на Хрватска пошта ќе нудат помош при превоз на стока, додека во центарот за сортирање ќе служат сортирање и подготовка за достава.

Автономниот логистички робот на Gideon Brothers може да пренесува 800 кг товар и сигурно да маневрира околу луѓе, опрема и други подвижни машини. Опремен е со технологија за автономија која се базира на визуелна перцепција, а комбинира длабинско учење со стереоскопски камери, со што настанува нова генерација роботски вид.

Сподели!
- Advertisement -