Tyer Wind е доказ како имитирањето на природата, односно биомимикријата може да ни помогне да се справиме со еден од најголемите проблеми на денешницата – намалување на емисијата на јаглерод диоксид.
Tyer Wind се турбини на ветар кои совршено ги имитираат движењата на енергетски најефикасните летачи на планетата – колибрите. Наместо стандардните ножеви кои ги имаат турбинитеи кои се вртат под влијание на ветрот, Tyer Wiind има крила кои се движат како крилата на колибрите и кинетичката енергија ја претвораат во зелена електрична енергија.
Благодарение на изгледот, многу лесно се вклопуваат во природната средина. Овој производ веројатно драматично ќе го смени начинот на кој произведуваме зелена енергија во иднина и се очекува дека ќе ја олесни дистрибуцијата на енергија.