Се намалува царината за компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи

- Advertisement -

Владата усвои Одлука за намалување на царински стапки за одделни одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи.

-По обемни претходни консултации со Советот на странските инвеститори во нашата земја, владата усвои одлука увозните давачки – царинските стапки  за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во 2020 година, да се намалат за 50%  со цел да  се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи, се вели во соопштението од владината прес-служба.

- Advertisement -

Со оваа одлука висината на овие царински давачки ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската унија, посочуваат од Владата и додаваат дека со тоа че се овозможи подобрување на конкурентноста на домашните компании и поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.

Сподели!
- Advertisement -