Децата во Финска одат со велосипед на училиште и кога надвор е -17

- Advertisement -

Најголем дел од велосипедистите ги складираат своите велосипеди кога ќе залади и повторно ги активираат која ќе запролети, а временските услови се подобри од снег и подледица. Велиме најголем дел од нив затоа што на пример, основците во Финска не ги складираат своите велосипеди кога ќе дојде зима, туку активно ги возат на зимскиот снег, дури и кога надвор е -17 степени Целзиусови.

Финскиот град Оулу е одличен пример за активен велосипедизам во текот на целата година. Со соодветната инфраструктура и усбранистичкото планира жителите на овој град покажаа дека не мора да се сокриваме во автомобилите уште при првите знаци на зимата.

- Advertisement -

Пека Тахкола е градежен инженер и координатор на велозипедизмот во Оулу. Тој направи фотографии од локалните основни училишта и пракинзи преполни со детски велосипеди, иако температурите надвор тогаш биле -17 степени. Можеби изгледа необично што родителите ги пуштиле децата во училиште да одат само по снег, но за Финците ова не е ништо чудно, напротив сосема е нормално и здраво.

Сподели!
- Advertisement -