Русија успешно го тестираше својот интернет

- Advertisement -

Русија заврши со тестирањето на националните интернет услуги и се покажа дека земјата може да функционира ако се исклучи светската мрежа. Тестирањето покажа дека државните агенции и операторите се спремни ефикасно да одговорат на заканите и да обезбедат интернет и комуникацијата ефикасно да функционира.

Тестирањето траеше неколку дена на специјално дизајнирани мрежи, а беше спроведено во согласност со законот за суверен интернет, кој беше усвоен во ноември годинава, како одговор на она што Русија го нарекува агресивна природа на американската безбедносна стратегија на полето на интернетот.

- Advertisement -

Според тој закон, државните институции и безбедносните служби, како и сите оператори за комуникација, пораки и електронска пошта мора да учестуваат во тестирањето кое не влијае на обичните корисници на интернет.

„Целта ни беше да обезбедиме непрекинати интернет услуги на територија на Русија во какви било околности“ велат од руската влада.

Сподели!
- Advertisement -