Samsung се спрема да го претстави првиот 5G таблет во светот

- Advertisement -

Таблетот Samsung Galaxy Tab S6 наскоро ќе биде достапен со поддршка за 5G и веројатно че биде првиот таблет во светот кој има брза интернет конекција. Galaxy Tab S6 5G го има на листата на веб страницата на јужнокорејскиот гигант како производ кој наскоро стигнува во продажба, иако компанијата уште официјално го нема најавено уредот.

Нема информации колку ќе чини таблетот, ниту какви ќе бидат неговите карактеристики, освен тоа дека ќе поддржува 5G мрежа. Исто така, не е познато ни кога би можел да се најде на пазарот.

- Advertisement -

Според предвидувањата на техно-аналитичарите, постои можност таблетот да биде ист како Tab S6, само во 5G верзија. Инаку, Tab S6, кој беше претставен во септември годинава, има процесор Snapdragon 855, елегантен дизајн и брзи перформанси.

Иако се вбројува меѓу најдобрите Android таблети достапни на светскиот пазар, се очекува дека Samsung би можел да ги поправи малите технички пропусти кои ги имаше првобитната верзија на Galaxy Tab S6.

- Advertisement -

Се очекува дека и Huawei работи на 5G таблет, но не е познато ни кога ќе биде претставен.

Сподели!
- Advertisement -