Копенхаген сади овошки по улиците од кои плодовите ги берат минувачите

- Advertisement -

Копенхаген сади овошки по улиците за да ги користат сите луѓе. Во Данска со векови наназад секој може да набере плодови од дрвјата кои растат на јавно земјиште. Но, денес многу луѓе во Копенхаген немаат свои градини, па градот одлучи да ја врати таа стара традиција по улиците.

Градот сади јаболкници, капини и други овошки по улиците, во парковите, на игралиштата за деца, во дворовите на црквите за луѓето да можат да наберат бесплатни овошја каде и да одат.

- Advertisement -

Вакви акции се преземаат и на други места во светот. На пример во канадските градови како Отава се садат овошки на јавни површини за да се помогне на банките за храна. Во Аделаида, Австралија, пак, се планира да се реализира сличен план за помош на бездомниците.

Copenhagen is planting fruit trees in the street for everyone to enjoy

It's a fruit-for-all.🔎 Learn more about how agriculture is going urban: https://wef.ch/2EA66C2

Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 20 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -