Mалите пратки до 90 евра се ослободуваат oд данок

- Advertisement -

Од 1 јануари 2020 година ослободени од царина ќе бидат малите пратки до 90 евра, соопштија од Царинската управа. Оттаму велат дека со измените на Уредбата, се зголемува прагот на ослободување од досегашните 45 евра, во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава.

Министерската за финансии Нина Ангеловска на промоција на скенерот за контрола на поштенски пратки минатиот месец кажа дека расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку интернет, а во ЕУ, прагот за мали пратки е 150 евра.

- Advertisement -

„Граѓаните што се враќаат од странство преку граничен премин, можат со себе да носат стоки во вредност од 350 евра, и за нив да не платат увозни давачки. Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањата на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање царина. Од друга страна, има голем притисок на одредена категорија граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија“, изјави тогаш министерката Ангеловска.

Сподели!
- Advertisement -