- Advertisement -
Регулаторната комисија за енергетика денеска ја соопшти својата одлука за новите цени на горивата. Според одлуката, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,28%.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар за литар, па новата малопродажна цена ќе изнесува 68,50 денари за литар. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ и на екстралесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар за литар.
- Advertisement -
Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 70,50 денари за литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ која ќе важи од полноќ ќе биде 63,00 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по 52,00 денари за литар.
- Advertisement -