„ТУИ Флај Белџам“ од јуни 2020 воведува линија Брисел-Охрид

- Advertisement -

Белгиската авиокомпанија „ТУИ Флај Белџам“ од 6 јуни 2020 година ќе воведе авионски линии на релации од Брисел до Охрид и до хрватскиот град Пула и обратно, објави специјализираниот портал за авиосообраќај simpleflying.com.

Според порталот, компанијата ќе лета еднаш неделно на релација Брисел – Охрид и Охрид – Брисел, со почетна цена на билетот од 89,99 евра.

- Advertisement -

Во промотивниот материјал на новата линија „ТУИ Флај Белџам“ наведува дека Охрид е „една од најстарите населби во Северна Македонија“.

– Самоиловата тврдина и црквата „Св. Климент Охридски“ се најинтересни локации. Дополнително, регионот е познат по прекрасната природа, вклучително и планинското Охридско Езеро, се наведува во промотивниот материјал на „ТУИ Флај Белџам“.

- Advertisement -

Порталот потенцира дека комбинацијата на убави предели, топлото време и богатата историја ја прави Северна Македонија популарна дестинација за туристички посети. Според податоците на „Топ Хотел Њуз“, туризмот во Северна Македонија во 2018 година бележи раст од 22 проценти, наведува simpleflying.com.

„ТУИ Флај Белџам“ е компанија ќерка на „ТУИ Ерлајнс Белџам“, која е дел од германската „ТУИ Груп“.

Сподели!
- Advertisement -