Kaspersky трета година по ред е добитник на признанието Gartner Peer Insights Customers’ Choice

- Advertisement -

Александар Мојсеев

Јас сум љубител на трките. Во светот на автомобилите, каде што тимови од инженери и пилоти постојано се натпреваруваат едни со други, една единствена победа не значи ништо. Двојната победа честопати се припишува на среќа или коинциденција, но победувањето трипати по ред значи дека вашиот тим ги усовршил вештините и со право си го зазема местото меѓу шампионите.

- Advertisement -

Ззатоа, имам право гордо да кажам дека тимот на Kaspersky е добитник на признанието Gartner Peer Insights Customers’ Choice за платформи за заштита на крајните корисници за 2019 година. Ова признание Kaspersky го добива веќе три последователни години.

Признанието се базира на задоволството од купувачите. Еве што велат тие за Kaspersky.

- Advertisement -

„Користиме Кaspersky од 2015 година. Тоа не е само антивирус софтвер. Тоа е цел комплет од алатки за заштита кој го поедноставува одржувањето на безбедноста на работните станици и серверите“ вели извршен директор од едукативниот сектор.

Kaspersky Endpoint Security for Business обезбедува одлична заштита од вируси. Антивирусот ди дефинира, штити од нив и ги отстранува заканите кои доаѓаат од мрежата, од хард дискот или од преносни уреди. Освен тоа, компаниите добиваат и агент (бесплатен додаток) кој помага да се собираат информации за персоналните компјутери, апликациите и други интересни статистики“ вели директор за безбедност на информации од здравствениот сектор.

- Advertisement -

„Глобалниот рејтинг служи како комуникациска алатка за менаџментот и придонесува за поголема вредност на иницијативите за одржување на безбедноста во организациите. Деталните извештаи за ранливите точки помагаат подлабински да се разбере проблемот и да се изнајдат решенија за да се исправи проблемот. Дефинитивно задолжителна алатка за секоја организација која ја цели безбедноста на своите информации на интернет“ вели главен менаџер за безбедност на информации од финансискиот сектор.

Би сакал да ја изразам мојата искрена благодарност до нашите корисници кои издвоија скапоцено време од нивните навистина набиени распореди за да ги напишат овие коментари. Имаме речиси 2.000 такви коментари. Се разбира дека имаше и некои критики, за кои исто така сме благодарни. Сите коментари можете да ги прочитате тука или да напишете свој коментар тука. Внимателно ќе прочитаме се што сте напишале и ќе продолжиме да ги подобруваме нашите производи и услуги.

Сакам и да му честитам на тимот за овој успех  – и на техничкиот и на останатиот персонал, на луѓето од одделот за истражување и развој, на луѓето одговорни за техничка поддршка, на вработените од продажба, претпродажба, маркетинг, комуникации – буквално на сите!

Продолжете со добрата работа!

Производите на Kaspersky побарајте ги во Кабтел, долгогодишен Платинум партнер на Kaspersky за Македонија.

Сподели!
- Advertisement -