Секој ден супермаркетите во Финска имаат т.н. „happy hour“ за да го намалат отпадот од храна. Од 21 часот натаму продуктите на кои им се ближи крајниот рок за употреба се продаваат по 60 проценти пониска цена во супермаркетите S-market низ цела финска.
На тој начин купувачите можат да заштедат додека истовремено купуваат сосема безбедна и квалитетна храна, а продавниците не мора да плаќаат за да се ослободат од непродадената стока. Вака продуктите кои не се толку свежи стануваат попривлечни за потрошувачите поради ниската цена.
Ваков „happy hour“ има во сите 200 маркети S-market во Финска и благодарение на тоа во некои од продавниците отпадот од храна се има намалено за 10%. Сега секоја година по намалени цени се купуваат 70 милиони производи.
Во текот на денот во овие фински супермаркети храната која е помалку свежа се продава по 30% пониска цена. Ова е иновативно решение за глобалниот проблем со загадувањето.
Една третина од храната која се произведува во светот завршува на депонија неупотребена,а отпадот од храна е одговорен за 8%-10% од емисијата на стакленички гасови во светот затоа што храната која сјкапува испушта метан, гас кој е 25% поштетен од CO2.