1.2 C
Skopje
сабота, јануари 18, 2020

Tip of the Week – Благодарност

Kabtel desktop

Да бидеш среќен човек не значи да кажеш : „Еј јас од денес сум среќен“. Многу пати сум се нашла во средина на луѓе кои токму од „денес“ сакаат да бидат среќни, позитивни и насмеани… За да бидеш среќен човек и да ја зрачиш таа среќа, таа позитивна енергија која пренесува насмевка на околината, една од клучните работи кои треба да ги направите за себе е да бидете БЛАГОДАРНИ! Благодарноста сме ја заборавиле и обично ја спојуваме со бонтон гест! Тоа е магична вештина која го дефинира нашиот однос спрема луѓето. Особено е заслужна за нашето задоволство,успех, затоа што преку неа се насочуваме на сè што е позитивно во нашето опкружување.  Во сеопштата загушеност со новости и информации, медиумите го засилуваат чувството на незадоволство, сè повеќе се акцентира тоа што не можеме да го имаме , сè она што недостига за да бидеме среќни… Благодарноста ја пренасочува нашата перцепција од она што го немаме кон она што го имаме (тоа што сме )и што нам ни е мило.

Способноста човекот да чувствува благодарност покрај сè што му се случува е еден од клучните елементи за успех и за среќа. Зборот благодарам значи да ги прифатиш луѓето, колегите,пријателите и да ја признаеш нивната вредност, а не само маните. Тоа е умешност со која можат да се пофалат само најплеменитите меѓу нас.

Ви предлагам да ги употребите супермоќите кои сте  заборавиле дека ги поседувате, а еве и неколку совети:

  1. Тежок ден – кога имате тежок ден, а сите имаме таков ден, секогаш можеме да го претвориме во позитивен и подобар. Потребно е само да се насочите на многуте позитивни работи кои ве опкружуваат и кои се присутни во вашиот живот и бидете БЛАГОДАРНИ.
  2. Мрчатори – ако сте како повеќето луѓе, тогаш сигурно сте незадоволни од власта, сите политичари воопшто, колегите, па сè до членовите во семејството и кругот на пријателите.  Насочете се на добро, бидете благодарни дури и на проблемите, колку и да звучи лудо, решавајќи ги проблемите стануваме позрели, а помагајќи на другите посреќни!
  3. Мани – сигурно ќе забележите дека некој има некаква слабост или мана, па наместо да му приговарате или да го озборувате, укажете му ги неговите позитивни страни со благодарност. Тоа е прав пат до градење хармонија, а со тоа си го отворате моментот кога ќе можете да му ги укажете маните и да го посоветувате за нив.
  4. На глас – кажете Благодарам на вашиот колега, но вербално, не преку е-пошта. Така можеби ќе му го подобрите денот, ќе го мотивирате, а голема е веројатноста ангажманите да ги извршува попродуктивно.
  5. Подмачкано – полесно е да бидете благодарни кога работите течат како „поднамачкани“, но важно е да ги почитувате и оние полошите искуства кои и тоа како нè учат на нешто подобро. На пример, ако вашиот шеф ве искритикува, бидете благодарни на можноста од таа критика да научете нешто и искористетеја како шанса за личен развој!
  6. ЈАС – не заборавајте на себе – благодарам не мора секогаш да е наменето за другите! Расположението и продуктивноста ќе ви се зголемат доколку ги цените сопствените вредности и ако славите мали победи на работното место!

Благодарноста е најдобро оружје против љубомората и префрлање вина на другите за сопственото незадоволство. И едното и другото ве водат во сопствена диструкција! Негувањето на благодарност не осврнува кон позитивното и кон преземање одговорност за својот живот, својата работа… а тоа е речиси половина пат до успехот!

БЛАГОДАРЕН УМ Е ГОЛЕМ УМ И ЕДЕН ДЕН ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ ГОЛЕМИ РАБОТИ!

ПЛАТОН

Со успех во промените,

Елена Чуркоска

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •