Измените и дополнувањата на одлуката за општински ред кои беа усвоени од страна на властите во Загреб предвидуваат рестриктивни мерки за велосипедите кои се поставени надвор од определените зони.
Оваа одлука превидува сите превозни средства од овој тип кои се оставени на јавни површини да бидат отстранети и депонирани на посебно означени места.
За прекршителите на законот градските власти во Загреб превиделе казна која се движи од 700 до 1000 куни или околу 100 евра. Доколку сопственикот не го подигне велосипедот во рок од 30 дена, истиот ќе се смета за напуштена.
Здруженијата на велосипедисти реагираа дека градот располага со мал број на паркинг места за велосипеди и дека отрстранувањето на велосипедот може да предизвика негово оштетување. Дополнително, тие тврдат дека ваквите мерки се против заложбите за поголема мобилност и ќе влијаат демотивирачки врз велосипедите.
(www.skopjeinfo.mk)