Илон Маск лансираше уште 60 сателити за вселенскиот интернет

- Advertisement -

SpaceX во орбитата на Земјата лансираше уште 60 Starlink сателити. Заедно со новите 60 сателити сега има вкупно 182, а сите тие се дел од Starlink мрежата, чија задача е да овозможи глобална покриеност со интернет.

Сателитите беа доставени во орбитата со помош на ракета Falcon 9 лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, а се значајни затоа што на компанијата SpaceX на Илон Маск и овозможија да стане рекордер по бројот на комерцијални сателити во орбитата. Калифорниската компанија Planet Labs е на второ место со нешто помалку од 150 сателити кои се користат за снимање на површината на Земјата.

- Advertisement -

SpaceX има дозвола од регулаторите да лансира до 12.000 сателити, но се зборуваше и за бројка од 40.000 сателити, што зависи од тоа како ќе се развива проектот. До крајот на јануари SpaceX може повторно да лансира уште две ракети со по 60 сателити.

Сепак, астрономите се жалат дека големиот број сателити го уништува погледот на ноќното небо. Тие како доказ прикажаа фотографија од низа светли точки на небото кои претставуваат рефлексија од сателитите додека се движат околу Земјата.

- Advertisement -

Меѓутоа, Маск смета дека овие жалби се претерани. Од неговата компанија тврдат дека сателитите се видливи кратко време после лансирањето, а тоа е резултат на н9вната конфигурација додека се подигнуваат од 290 км на висина од 550 км. Кога ќе се позиционираат, треба да бидат тешко видливи. Најновите сателити имаат и посебна завршна обработка за да се намали рефлексијата.

Сподели!
- Advertisement -