Илон Маск годинава ќе го отвори тунелот за ултра брз транспорт во Лас Вегас

- Advertisement -

Тунелот во Лас Вегас кој го гради компанијата на Илон Маск, The Boring Company треба да биде готов годинава. Тоа го напиша Маск на Twitter како одговор на еден од неговите следбеници.

Boring Company го довршува својот прв комерцијален тунел во Лас Вегас. Тунелот се протега од Конгресниот центар до Стрип (главната улица со хотели и коцкарници). Потоа компанијата ќе се посвети на други проекти. Се надеваме дека до 2020 година ќе биде целосно оперативен“, напиша Маск.

- Advertisement -

Властите на Лас Вегас во март минатата година ја избраа компанијата на Илон Маск за проектирање, конструирање и управување со тунелот по кој ќе се патува со огромна брзина со автономни електрични автомобили.

Екстравагантниот претприемач, кој обожава да најавува амбициозни проекти, првично објави дека тунелот треба да биде готов до крајот на 2109 година.

- Advertisement -

Маск веќе повеќе години работи на конструкцијата на футурустички воз „Hyperloop”, кој би се состоел од големи капсули кои со голема брзина би се движеле по тунелски цевки под вакуум. Во март минатата година трошоците за изградба на тунелот беа проценети на 35-55 милиони долари. Целта на тунелот е избегнување на сообраќајниот метеж и да им се овозможи на илјадници електрични автомобили под земја да се движат со брзина од околу 250 км/ч.

Сподели!
- Advertisement -