Леонардо ди Каприо основаше фонд од 3 милиони долари за помош на Австралија

- Advertisement -

Earth Alliance е нова организација зад која, меѓу другите, стои и актерот Леонардо ди Каприо. Организацијата само што најави основање на фонд од 3 милиони долари за помош на Австралија.

Денес организацијата соопшти дека го лансира фондот Australia Wildfire Fund во одговор на националната криза со пожарите. Сите средства ќе одат за помош на пожарникарите и за закрепнување од штетата.

- Advertisement -

DiCaprio веќе долго време е адвокат за заштита на природата и за одржливост. Тој во 1998 година ја основаше добротворната организација која го носи неговото име, The Leonardo DiCaprio Foundation, со задача да ја штити добросостојбата на жителите на Земјата.

Работејќи заедно со Aussie Ark, Bush Heritage и WIRES Wildlife Rescue, фондот Australia Wildfire Fund има за цел да им помогне на заедниците погодени од пожарите, да го помогне закрепнувањето на дивиот свет и да го поддржи обновувањето на екосистемите на Австралија.

- Advertisement -

Earth Alliance е основана во 2019 година од страна на Ди Каприо, сопругата на Стив Џобс и филантроп Лорен Пауел Џобс и инвеститорот Брајан Шет.

Сподели!
- Advertisement -