Кои се наjбезбедни аеродроми и авио-компании во светот?

- Advertisement -

Аеродромот Александар Пушкин Москва – Шереметјево е прогласен за најточен меѓународен аеродром во светот, а руската компанија Аерофлот за светски авиопревозник кој најмалку доцни.

Извештајот On-Time Performance Review секоја година го составува аналитичката фирма Сириум, која наведува дека Аерофлот во 2019 година бил подобар од јапонскиот „Ол Нипон Ервејс“, кој се наоѓа на второ место, и од третопласираниот, американски „Делта Ер Лајнс“.

- Advertisement -

Сириум следи преку 100.000 пристигнувања и полетувања, а смета дека авионот е точен доколку пристигне на гејтот околу 15 минути пред закажаното полетување. Според тие податоци, летовите на Аерофлот пристигнале на време во 86,7 отсто случаи, од кои на аеродромот Шереметјево полетале и слетале над 95 проценти од авионите.

Седум од десетте најточни аеродроми на светот се наоѓаат во Кина.

- Advertisement -

Нискобуџетните авиокомпании се рангираат одвоено, а најточна била јапонската СтарФлиер, која исполнила 91,4 отсто од редот за летање. Порталот AirlineRatings.com објави дека минатата година Квантас, Ер Њу Зеланд и ЕВА Ер биле трите најбезбедни авиокомпании во светот.

Меѓу дваесет најбезбедни авиокомпании се превозниците, како што се Катар Ервејс, Сингапур Ерлајнс, Емиратс, Алјаска Ерлајнс, Вирџин Аустрелија, Хаваиан Ерлајнс…

- Advertisement -

На сајтот се наведени и десетте најбезбедни нискобуџетни компании, како што се Ер Арабиа, Флајби, Фронтиер, ХК Експрес, ИндиГо, ЏетБлу, Воларис, Вуелинг, ВестЏет и ВизЕр.

Сподели!
- Advertisement -