Њујорк ги рециклира природните новогодишни елки

- Advertisement -

Комуналните служби на Њујорк, најнаселениот град во САД, после божиќните и новогодишните празници спроведуваат акција на собирање на дрвцата кои се користеле за украсување на домовите за Божиќ и Нова Година.

Илјадници стебла донесени од околните шуми и паркови ќе бидат рециклирани и потоа ќе бидат вратени во природа во вид на компост за градските паркови и ѓубриво за младите штотуку посадени стебла.

- Advertisement -

Комуналните служби од 2 до 15 јануари ги собираат новогодишните и божиќните дрвца, но само тие од природно дрво. Истовремено, организирана е и новогодишна акција MulchFest, која на граѓаните им овозможува своите елки да ги дадат на рециклирање и компостот да го однесат дома и да го искористат како ѓубриво за билките во своите градини и на балконите.

Според податоците на организаторите, лани биле рециклирани околу 28.000 стебла.

Сподели!
- Advertisement -