Поранешната индонезиска министерка Мари Елка Пангесту е назначена за нова генерална директорка на Светската банка.
Anadolu објави дека 63-годишната Пангесту ќе ја преземе новата функција на 1 март оваа година.
Претседателот на Светската банка, Давид Малпас е убеден дека таа е вистинскиот избор и ќе даде голем придонес во работата на институцијата.
Пангесту во исто време во Индонезија ја извршуваше функцијата министерка за трговија и министерка за туризам и креативна економија.
Исто така е претседателка на Управниот одбор на Институтот за истражување на меѓународна политика за храна (IFPRI), со седиште во Соединетите Американски држави.
Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо ја предложил Пангесту за директорка во октомври 2019 година, како што наведе, поради извонредните способности во економскиот сектор.