Најпознатиот куќен робот Roomba ќе добие и раце и ќе мие чинии

- Advertisement -

За многу домаќинства во светот првиот робот кој почнале да го користат е Roomba на компанијата iRobot. Иако не изгледа како класичен робот, одлично си ја врши работата. iRobot со тек на годините претстави бројни модели од своите роботски правосмукалки кои добија нови опции, па денес со нив можеме да управуваме со смартфон, додека најнапредниот модел сам ја празни кесата со прашина.

Сега шефовите на iRobot размислуваат за иднина каде што роботите ќе ни помагаат во многу домашни обврски и нема да бидат ограничени само на собирање прашина или чистење подови. Затоа во иднина роботите на iRobot ќе добијат раце.

- Advertisement -

Таквите верзии на Roombа ќе имаат многу посложени задачи. Од американската компанија веруваат дека ќе можат да помагаат во секојдневните домашни обврски како миење чинии и перење алишта, сервирање храна и слично.

Иако iRobot е најпознат по роботските правосмукалки,во текот на изминатата деценија компанијата работела на развојот на роботски раце за својот воен оддел. Тој оддел во 2016 година е продаден, но технологијата за роботските раце остана во сопственост на iRobot и веројатно ќе се искористи за развој на идните роботи.

- Advertisement -

Во разговор со медиумите присутни на CES 2020, од iRobot изјавија дека во моментот работат на прототипот на таков робот, но не споделија други информации.

Сподели!
- Advertisement -