Руси нудат вечен живот за 15.000 долари

- Advertisement -

Руската компанија KrioRus на своите корисници им нуди веќен живот. Имено, компанијата нуди замрзнување на телото или мозокот на мртовци. Тие се надеваат дека еден ден со технологија од иднината ќе можат да ги вратат во живот.

Иван Степин, заменик директорот на КrioRus., ги претстави садовите во кои се замрзнуваат телата. Садот Anabiosis-1 од серијата Devar е првиот кој го направиле сами. Тој има најнеобичен, футуристички облик и затоа е омилен.

- Advertisement -

На -200 степени Целзиусови во тие садови се чуваат телата и мозоците на 70-ина луѓе. Иако се починати, компанијата KrioRus ги смета за пациенти и ги има од повеќе земји.

Замрзнувањето на мозокот чини околу 15.000 долари, а на целото тело околу 26.000 долари. Тоа се цени за Русите, додека за странците се многу повисоки.

- Advertisement -

Денес можеме да оживееме некој кој замрзнал. Тоа не можевме да го направиме порано, а не сме се ни обидувале. Ние можеме да ги оживееме луѓето. Мислам дека замрзнувањето е еден вид оживување за во иднина“ вели директорката на компанијата, Валерија Удалова.

Сподели!
- Advertisement -