Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla, во сопственост на иноваторот Илон Маск, планира да отвори центар за изтражување и дизајн во Кина за да прави автомобили во „кинески стил“. Компанијата сака да регрутира дизајнери и друг персонал за центарот и пријавувањето на кандидатите е отворено до 1 февруари.
Не е позната точната локација на центарот и не се знае кога точно ќе почне со работа. Првата фабрика на Tesla надвор од САД беше изградена во источниот дел на Шангај и во текот на јануари почна со доставување на Model 3 произведен во Кина.
Оваа најава следува откако минатата недела пазарната вредност на компанијата достигна речиси 89 милијарди долари, што е еднакво на комбинираната вредност на General Motors и Ford.