Музичката платформа Spotify лансираше листа со избор на песни кои кучињата можат да ги слушаат кога се отсутни нивните сопственици затоа што е утврдено дека речиси 74% од британските сопственици на домашни миленици на своите животни им пуштаат музика.
Шведскиот дигитален музички сервис за аудиостриминг објави дека лансирале подкаст со смирувачка музика, изговорени пофалби за домашните миленици, приказни и афирмативни изјавикои ги изговараат актери, а сето тоа со цел да се ублажи стресот кај кучињата кои сами ги чекаат сопствениците да се вратат од работа.
Spotify на корисниците им нуди и листа со музика која ја бираат алгоритми за изборот да се усогласи со карактерот на домашните миленици, па така може да се избере побавна или пожива музика. Музичката платформа ги објави податоците од истражувањето кое утврдило дека секој четврти сопственик на своите домашни миленици им пушта музика додека не е дома, а 42% од сопствениците изјавиле дека нивните миленици имаат и омилен вид музика. Една четвртина, пак, тврдат дека со сопствени очи виделе дека нивните миленици играат на одреден вид музика.