ЕУ сака да се направи универзален полнач за паметни телефони

- Advertisement -


Европската унија сака да се прифати нејзината иницијатива и да се воведе универзален стандарден полнач за паметни телефони кој ќе одговара на сите модели. Од Унијата се надеваат дека на овој начин ќе се помогне да не се создава толку електронски отпад, а и самите корисници да бидат позадоволни.

Годишно се фрлаат повеќе од 51.000 тони електронски отпад, од кои најголем дел се стари полначи за телефони, велат од ЕУ. Европската унија верува дека оваа акција ќе го подобри квалитетот на животот на корисниците, кои повеќе нема да треба да купуваат нов полнач секогаш кога ќе купат нов телефон.

- Advertisement -

Од Apple сметаат дека стандардизацијата на полначите нема да донесе никакви промени во количината електронски отпад. Секој кој поседува паметен телефон ќе треба да го фрли дтариот полнал за да купи универзален. Повеќе милијарди корисници моментално користат полнач на Apple. Ако го земе предвид тоа, корисниците на iPhone сами би создале нов проблем со купишта електронски отпад.

Сподели!
- Advertisement -