Intel претстави компјутер кој се склопува како телефон

- Advertisement -

Американската технолошка компанија Intel направи компјутер кој потсетува на минитор од десктоп компјутер или на лаптоп когае затворен. Овој уред, како што велат од Intel, е наменет да ги инспирира производителите на компјутери да осмислат нови начини за употреба на флексибилната технологија. Сепак, прашање е колку таквите уреди ќе бидат гломазни.

Прототипот на Intel се вика Horseshoe Bend. Од компанијата велат дека со овој паметен уред сакаат на корисниците да им понудат вистински notebook кој може да се прилагодува на потребите. Сепак, како и другите компании, и Intel се соочува со тешкотии во креирањето технологија за склопување.

- Advertisement -

„Најтешко е се да склопите заедно. Направивме изум со кој со нашата најнова генерација на Core платформата дoбивате уред со целосни перформанси и моќна батерија. Тоа е резултат на години посветеност и инвестиции во се што сме направиле“ велат од Intel.

Покрај Intel, и Lenovo го претстави својот лаптоп на склопување. Меѓутоа, и двете компании со години соработуваат на развојот на новите технологии. Лаптопот Horseshoe Bend ќе се најде во продажба за 2-3 години.

Сподели!
- Advertisement -