Денес ќе се промовира нова опрема за царинската лабораторија

- Advertisement -

На Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска ќе биде промовирана новата опрема за царинската лабораторија набавена со помош на Програмата ИПА 2013.

На промоцијата обраќање ќе имаат министерката за финасии Нина Ангеловска, евоамбасадорот Самуел Жбогар и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

- Advertisement -

Опремата е наменета за анализа на акцизни стоки, производи од хемиската индустрија и други стоки кои се контролираат од аспект на избегнати давачки или подлежат на забрани или ограничувања.

Сподели!
- Advertisement -