Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Македонија. Со денешното отворање на новиот продажно-сервисен HYUNDAI центар, Ми-Да Гранд Моторс прераснува во сериозен автомобилски центар на македонскиот пазар со богата понуда на возила во еден од најмодерните објекти во нашата земја.
Салонот и сервис центарот на Hyundai се сместени на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, до салонот на Форд, и тука може да се набават најновите модели од палетата на брендот HYUNDAI. Освен нови возила, Ми-Да Гранд Моторс нуди и единствен овластен сервис за сите возила во гаранција, но и за сите останати HYUNDAI возила во Македонија.
Според генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири, компанијата станува сериозен автомобилски центар каде може да се купат возила од брендовите FORD и HYUNDAI, како и да се набават користени возила од сите брендови што се продаваат под балканскиот бренд Аутото.
„Навистина сме горди што во нашиот автомобилски центар отсега ќе можеме да ги нудиме возилата од брендот HYUNDAI. Тоа зборува за сериозноста на Ми-Да Гранд Моторс да биде прва на балканскиот пазар и за нашиот сериозен пристап кон работењето со светски брендови. Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет“, рече Заири пред присутните гости на денешното отворање на новиот продажно-сервисен HYUNDAI центар. Од Ми-Да Гранд Моторс нагласуваат дека тие се единствениот овластен продавач и сервисер на брендот HYUNDAI на територијата на Р. Македонија.
Од новиот продажен центар ги повикуваат заинтересираните граѓани да се пријават за тест возења на HYUNDAI возилата.