Данска нуди најдобри услови за живот во Европа

- Advertisement -

Земјите кои се наоѓаат на северот од Европа имаат најдобри услови за живот

Во рангирањето на „Global Social Mobility Index“, првите пет места ги заземаа скандинавските земји. Прва е Данска, а потоа следат Норвешка, Финска, Шведска и Исланд.

Рангирањето во кое беа опфатени вкупно 82 земји ширум светот има за цел да покаже јасно како поединечните земји им обезбедуваат на своите граѓани подобар живот од претходната генерација.

- Advertisement -

Германија е на 11-то место, Франција е на 12-то место, Велика Британија е на 21-то место, а САД се наоѓаат на 27-то место.

Од земјите во регионот на листата се најдоа Бугарија на 40-то место, Србија (41), Романија (42), Грција (48) и Турција (64).

Сподели!
- Advertisement -