Словенија ја потврди добрата производна пракса на Алкалоид

- Advertisement -

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија (JAZMP), по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на Алкалоид АД Скопје, ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP).

Истите се обновени со важност од 3 години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и погонот за цефалоспорини согласно Директивата 2003/94/ЕС и член 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС.

- Advertisement -

Оваа редовна инспекција и проверка на Фармацевтскиот систем за квалитет на Алкалоид АД Скопје, се изврши на сите погони во исто време од страна на словенечката Агенција за лекови и медицински средства во улога на надзорен орган. Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари.

Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка за кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, како и хуманата програмско производна определба насочена првенствено кон крајните корисници се начелата според кои се води компанијата и ќе остане да се води во секојдневните операции, при тоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кој го практикува и спроведува во севкупното свое работење.

Сподели!
- Advertisement -