Хрватската пошта доби нови поштари – дронови

- Advertisement -

Дроновите веќе докажаа дека се корисни во кризни ситуации и на тешко достапни предели, како при достава на лекови или противотрови, а некои индустрии веќе ги воведоа во својата работа. Дроновите денес се користат за урбано планирање, географско мапирање, во археологијата, градежништвото и во земјоделството.

Бројни поштенски оператори уште пред неколку години почнаа да тестираат достава со дронови или роботи и воочија некои недостатоци. Но, со напредокот на технологијата денес дроновите се користат дури и за комерцијална достава на пратки.

- Advertisement -

Хрватската пошта успешно ги тестираше можностите на доставата со дронови и ја направи првата достава од задарското пристаниште до островот Угљан. Леталото летало автономно со максимална брзина од 35 км/ч и тоа растојание го поминало за околу 12 минути. Ова е дел од пилот проектот со хрватската компанија AIR-RMLD, која се занимава со развој на комерцијални и индустриски услуги со беспилотни летала.

Во текот на пилот проектот дронот десетина пати успешно доставил пратки од пристаништето до островот, а летал и по бура. Дронот кој се користи во тестирањето може да пренесе товар до 200 грама, а лета целосно автономно по однапред програмирана рута.

Сподели!
- Advertisement -