Патувањето до Марс ќе биде исклучително ризично за луѓето

- Advertisement -

Бившиот астронаут Скот Кели беше четири пат на Меѓународната вселенска станица и помина рекордно време во вселената. Воедно, тој беше и дел од првата студија во која се изучуваа последиците од престојот во вселената врз човечкиот организам.

Резултатите не се оптимистични, па се поставува прашањето како луѓето кои се дел од експедицијата на Марс ќе го издржат патувањето до таа планета, кое трае 6 месеци, плус уште 2-3 години на планетата.

- Advertisement -

Во студијата учестувал со братот, кое е негов идентичен близнак. Додека Скот бил во вселената една година, неговиот брат Марк Кели останал на Земјата. Во текот на мисијата на скот 10 научници го следеле нивното здравје. Тие земале примероци од урина, измет пред и после мисијата. Дел од примероците на Скот се зачувани, а дел се испратени на Земјата со ракета.

Кога се вратил на Земјата, неговата кожа била испукана од осип, не можел да гледа добро и цело време се чувствувал истоштен. Неговиот имунолошки систем бил во голема приправност додека бил во вселената, па кога се вратил телото му реагирало како да го напаѓаат. Но, она што може да се смета позитивно е дека гените на Скот се промениле на начин кој може да се види само кај младите луѓе, иако се вратиле во првобитната состојба после одредено време поминато на Земјата.

- Advertisement -

„Се вратив помлаг и позгоден од брат ми“ се пошегува тогаш Скот.

И покрај здравствените проблеми и ризикот на толку долг пат, кога го прашале дали би отишол на Марс, Скот не се двоумел. „Са, би отишол на Марс. Мислам дека мора да одиме на Марс од повеќе причини. Мислам дека ние како жив вид опстануваме затоа што се обидуваме да го прошириме нашето знаење и нашите видици“ рече Скот.

- Advertisement -

При престојот во вселената човечките коски и мускулите брзо ја губат масата, а организмот е изложен на многу поголема радијација. Престојот во Меѓународната вселенска станица трае најмногу 6 месеци, освен во случајот со Скот, но човештвото сега мора да направи џиновски чекор напред и да отиде подлабоко во вселената.

За да се дојде до Црвената планета се потребни 6 месеци, а целата експедиција би траела 2-3 години. САД најавија дека луѓето ќе отидат на Марс во 2030-тите години, но уште не е познато какви ефекти ќе има патувањето во вселената кое трае подолго од шест месеци и дали е реално.

Сподели!
- Advertisement -