Напишете писмо и освојте ноќевање во куќата на Јулија во Верона на Денот на вљубените

- Advertisement -

Каде е најромантичното место да се помине Денот на вљубените? Се разбира, на местото каде што почнала најпознатата љубовна приказна во светот – таа на Ромео и Јулија. Airbnb на еден заљубен пар му подарува ноќевање во куќата на Јулија и можност овој посебен ден да го доживеат како модерна Шекспирова романса.

Победникот и неговиот партнер ќе ги дочека личен батлер, кој ќе им биде на располагање во текот на целиот престој. Ќе имаат шанса да уживаат во вечера на светлина од свеќи во голема сала која ќе биде целосно украсена со цвеќиња. За декорацијата и вечерата е задолжен готвачот со две Мишелин ѕвезди, Џанкарло Пербелини.

- Advertisement -

Прошетка по градот инспирирана од приказната на Ромео и Јулија исто така е дел од наградата. Откако парот со својот приватен водич ќе заврши со прошетката, ќе може да ги прочита и одговорите на најновите писма кои се напишани до Јулија, а кои се наоѓаат во Клубот на Јулија. Оваа куќа од 13. век по прв пат од 1930-тите години повторно ќе стане место за престој.

Иако не постојат докази во делата на Шекспир дека тоа е навистина куќата на Јулија, Casa di Giulietta отсекогаш била место каде што доаѓаат заљубените парови. После истражувањето на градот и читањето љубовни писма, среќниот пар ќе може да спие во оригиналниот Letto di Giulietta кревет кој бил користен во филмот на Зефирели од 1968 година.

- Advertisement -

Се што треба да направите за да го освоите тоа патување е да напишете писмо и да го ставите на страницата на Airbnb. Во писмото треба да ја опишете вашата љубовна приказна и да објасните зошто вие и вашиот партнер би биле идеалните гости во домот на Јулија. Airbnb прима писма до 23.59 часот на 2 февруари.

Сподели!
- Advertisement -