Американската држава Вермонт воведе уникатни регистарски таблички со емотикони

- Advertisement -

Најголем дел од земјите во светот нудат можност за нарачка на персонализирани регистарски таблички за автомобили. Од земја до земја има разлики во цената и што точно може да се стави на таблички, но американската сојузна држава Вермонт отиде чекор напред.

Тие претставија предлог закон со кој на регистарските таблички ќе може да се стават и екмотикони. Според предлог-законот, емотиконите би биле додаток, а не замена за постојните броеви и букви, а возачите ќе може да избираат од шест емотикони, а засега не е познато кои се тие емотикони.

- Advertisement -

Но, ако се изгласа законот, Вермонт ќе стане првата американска сојузна држава и втора држава во светот која дозволила користење емотикони на регистарските таблички. Имено, австралиската држава Квинсленд минатата година донесе закон со кој возачите може да платат 160 долари за ставање емотикони на регистарските таблички.

Сподели!
- Advertisement -