Направена првата детална фотографија од површината на Сонцето

- Advertisement -

Новите детални фотографии од површината на Сонцето кои ги направи новиот соларен телескоп на Националниот институт за наука со седиште во Хаваи покажуваат дека површината на Сонцето е навистина диво место. Телескопот наречен по американскиот сенатор Даниел К. Инује ги направи фототграфиите на кои може да се видат карактеристики на Сонцето како на оддалеченост од 30 км.

Сонцето има дијаметар од околу 1,4 милиони километри и е оддалечено 149 милиони километри од Земјата, а ова се првите детални фотографии од бурната површина.

- Advertisement -

Од фотографиите може да се види дека структурата на Сонцето е слична на американската држава Тексас. Во испакнатините се создава врела гасовита плазма. Во светлите кратери се подигнува соларниот материјал, а во темните точки плазмата се лади и тоне.

Соларниот телескоп ќе работи заедно со телескопот на НАСА, Parker, кој орбитира околу Сонцето. Резултатите од нивните мисии ќе им помогнат на луѓето да научат повеќе за Сонцето и како вселенското време кое го создава оваа ѕвезда влијае на Земјата, како и да се предвидат соларните бури. На Земјата можеме многу прецизно да го предвидиме времето, а вселенското време уште не ни е целосно познато.

Сподели!
- Advertisement -