Центарот за иновации на Град Скопје, продолжува со иницијативата за редизајн на јавни површини и изработка на нови концепт дизајн проекти за простори кои ќе се служат како водилка за идно уредување на локациите од страна на градот Скопје и општините. За таа цел, тие објавија повик за ментори кои ќе се вклучат во процесот.
Тимот од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје, во интерес на организирање на работилница за редизајн на јавни површини во Скопје, со фокус на редизајн на уличките долж улицата Илинденска, има потреба од ментори кои ќе водат тим од 6 лица со различна позадина – архитектура, пејсажен дизајн, енергетска ефикасност, програмирање, графички дизајн итн.
СкопјеЛаб е центар за иновации на Град Скопје кој работи на изнаоѓање на иновативни начини за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочува Градот. Работи како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел ко-креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и проверка и селекција на иновативни решенија.
Избраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 08.02.2020.
Прочитајте повеќе за првата работилница тука.
Одговорности на менторите:
-Учество на иницијален менторски состанок за договарање методологија на работа
-Фасилитација на еден тим за време на четиридневната работилница за ко-креирање концепти (15,16, 22, 23 февруари)
-Поддршка на тимот во спроведување на етнографско истражување – теренска анализа
-Учество на финална менторска средба за финализација на концептите
-Секој ментор ќе биде задолжен да води тим од 6 лица со различна позадина – архитектура, пејсажен дизајн, енергетска ефикасност, програмирање, графички дизајн итн.
Потребно:
-Завршени додипломски студии во областа на архитектура, пејсажен дизајн, електротехнички науки, енергетска ефикасност, иновации, уметност или други слични области. Магистерски студии ќе се сметаат за предност.
-имате желба и идеи да го подобрите градот
-имате искуство во водење на група и/или работилница
-тимски играч, позитивни сте, спремни за работа во динамичен тим
-интернационални работни искуства ќе се сметаат за предност
-основачи или лидери на групи на млади луѓе, организации и сл. ќе се смета за предност.
Сите заинтересирани нека испратат CV на skopjelab@skopje.gov.mk најдоцна до 05.02.2020.
(radiomof.mk)