Новата болница за лекување на луѓе заболени од корона вирусот со 1.000 кревети е отворена во близина на Вухан, кинескиот град од каде што почна да се шири болеста. Овој регионален медицински центар почна да прима пациенти пред два дена.
На работниците им биле потребни само 48 часа за празната зграда целосно да ја опремат со струја, вода, кревети, интернет и да ја оспособат за примање пациенти. Повеќе од 500 градежни работници, електричари, полицајци, волонтери работеле без прекин за да ја отворат болницата.
Првобитно било планирано новата болница да бие пуштена во употреба во мај годинава, но соочени со се поголема закана од ширење на корона вирусот, успеале да ја завршат задачата многу порано.
Уште поамбициозен проект е во тек во Вухан, каде што властите за рок од една недела сакаат да изградат цела болница од темел. Уште поневеројатно е тоа што изгледа дека ќе го испочитуваат тој рок.
Во тек е и изградба и оспособување ан уште три болници наменети за заболените од корона вирусот.