Опасниот корона вирус кој Светската здравствена организација вчера го прогласи за глобална криза затоа што е потврдено дека се шири надвор од Кина предизвика паника во целиот свет, а многу корисници на интернет бараат информации за заштита, за ширењето на вирусот, за лечење и сл.
Хакерите и сајбер криминалците многу брзо ја искористија глобалната паника, па Bleeping Computer известува за зголемување на бројот на напади со цел заразување на компјутери со злонаменерен софтвер, кој се базира на спам имејлови во кои се нудат детални информации за корона вирусот.
Голема хакерска операција со тие имејлови досега е забележана во Јапонија, каде што се шири преку имејлови напишани на јапонски јазик кои заразуваат со Emotet злонаменрен софтвер, но сигурни сме дека и сајбер криминалците од другите делови од светот многу набрзо ќе го искористат корона вирусот за свои акции.
Затоа, ви советуваме да не отворате имејлови во кои се нуди 100-процентна заштита од корона вирусот и слични на нив, туку побарајте информации на порталите на службените организации како министерствата за здравство, Светската здравствена организација или распрашајте се кај вашите лекари.