Најскапиот лек во светот на болните деца ќе им се доделува преку томбола

- Advertisement -

Најголем дел од децата во светот се раѓаат здрави, но некои кои ја немаат таа среќа даваат многу пари за лекување. Дали е морално за нивната судбина да се одлучува со наградна игра?

Имено, на родителите на болни деца кои боледуваат од ретка болест на мускулите сега имаат мал здрак на надеж со претставувањето на новата генетска терапија минатата година. Сепак, лекот „золгенсма“, кој лекува од рбетна мускулна атрофија (ретка болест која предизвикува слабеење на мускулите и може да доведе до проблеми со голтањето и дишењето или парализа) чини неверојатни 2,1 милиони долари.

- Advertisement -

Освен што е најскапиот лек во светот, „золгенсма“ е одобрен само во САД. Производителот на тој лек, шваjцарската фармацевтска компанија Novartis, дојде на контроверзна идеја да почне томбола со која ќе доделува лекови за 100 болни деца и бебиња.

Наградното извлекување, кое критичарите го опишаа како етички некоректна маркетинг кампања, го привлече вниманието на родителите од целиот свет. Лекот „золгенсма“ допрва треба да биде одобрен во Европа.

- Advertisement -

Зошто Novartis не ја намалува цената на терапијата наместо да доделува 100 бесплатни терапии? Компанијата дошла на таа идеја затоа што сака да го направи лекот што е можно побрзо достапен во сите делови од светот. Околу 200 деца во Америка веќе ја примиле таа терапија, велат од Novartis.

Производството на лекот е ограничено и фабриката во Илиноис може да произведе само 100 дополнителни дози годинава, покрај очекуваната редовна нарачка, додаваат од швајцарската компанија.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -