Шведската активистка за климатските промени Грета Тунберг номинирана за Нобелова награда за мир

- Advertisement -

Двајца шведски политичари ја номинираа шведската тинејџерка која на светот му стана позната како активистка за климатските промени, Грета Тунберг, за Нобелова награда за мир за 2020 година.

Јенс Холм и Хакан Свенелинг, кои се припадници на шведската Левичарска партија, изјавија дека Тунберг напорно работела за да му ги отвори очите на светот за опасноста од климатските промени, како и дека нејзините активности за намалување на емисијата на штетни гасови и почитувањето на Парискиот климатски договор се миротворни дела.

- Advertisement -

Парискиот климатски договор од 2015 година ги обврзува и сиромашните и богатите земји да преземат мерки за да го ограничат зголемувањето на глобалните температури со цел да се спречи топењето на глечерите. Тој ги повикува владите да изготват национални планови за намалување на емисијата на стакленички гасови и ограничување на порастот на температурите на помалку од 2 степени Целзиусови.

Седумнаесетгодишната Тунберг почна со ученички протести пред неколку години. Таа ги убеди своите соученици да не одат на училишта и да се приклучат на протестите за преземање мерки за стопирање на климатските промени. Тоа движење потоа се прошири надвор од Шведска во други европски земји и во целиот свет.

- Advertisement -

Таа го основаше движењето „Петоци за иднина“ (Fridays for Future), кое инспирираше преземање на слични активности од страна на други млади луѓе. Тунберг годинава учествуваше на самитот на Светскиот економски форум во Давос, каде што светот повторно го потсети на страшните бројки за сите поселдици од климатските промени и вети дека нема да престане да ги повторува се додека не се освести целиот свет за потенцијалната катастрофа која ни претстои.

Сподели!
- Advertisement -